Себастијан Фетел: Штета за Мик Шумахер, но мора да работи и да се врати посилен

EPA-EFE/RONALD WITTEK

Според некогашниот четирикратен првак во Формула 1, на синот на легендарниот Михаел Шумахер, кој сега е “деградиран“ во резервен возач во Мерцедес, ќе му треба повеќе време да се докаже

Четирикратниот шампион во Формула 1 Себастијан Фетел проговори за резервниот возач на Мерцедес Мик Шумахер.

– Михаел Шумахер е мојот идол. А Мик го познавам многу години. Штета за него што неговата тркачка кариера нема да продолжи следната година. Мик е некој кому можеби му треба малку повеќе време. Но, тој дефинитивно има потенцијал. Можеби ја немаше најдобрата средина. Се разбира, улогата на резервен возач е добра, но едноставно не се тркате толку често. Сега сè зависи од него: тој мора да работи, а потоа да се врати посилен – вели Фетел.

Мик Шумахер ги помина последните две сезони како возач во Хаас, но не се покажа. Американскиот тим реши да не го продолжи договорот со младиот Шумахер и го замени со Нико Хулкенберг. Следната сезона Мик ќе биде резервен возач на Ф1 тимот на Мерцедес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот