Се зголемува бројот на деца позитивни на ковид-19 во Делчево

Малечко девојче со заштитна маска, како мерка против коронавирусот / Фото: Unsplash

Се зголемува бројот на деца кои се позитивни на вирусот ковид-19. Директорката на Здравствениот дом во Делчево, Марија Глигоровска информираше дека откако минатата недела 128 деца следеа онлајн настава поради позитивни случаи на ковид-19, во моментот четири деца се позитивни на вирусот.

– Станува збор на семејни заболувања со ковид-19, кои покрај родителите ги зафатил и нивните деца. Значи имаме вкупно 4 позитивни деца на возраст од 6 и 11 години кои се позитивни на ковид-19, заедно со нивните родители. Сепак и покрај тоа можеме да кажеме дека за разлика од изминатите недели кога имавме над 20 случаи дневно, во последните неколку дена таа бројка се намалува, истакна Глигоровска.

Од Здравствениот дом напоменаа дека во текот на изминатата ноќ 52-годишен пациент од Делчево со тешка клиничка слика и сериозни проблеми на дишните патишта, починал синоќа во Брзата помош во Делчево, откако одбил пружање лекарска помош и хоспитализирање во некој од блиските клинички центри.

Во Делчево во текот на изминатите два дена тестирани се 30 пациенти со симптоми на ковид-19, од кои позитивни биле 9 лица.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот