Се затвори фабрика во Прилеп: Вработен бил во контакт со лице позитивно на коронавирус

Прилеп/Фото: МИА

Вработениот во моментов е во самоизолација, веднаш е тестиран за КОВИД-19 и ги очекува резултатите кои ќе бидат достапни во наредните два до три дена, информираат од фабриката.

Фабриката „Гентерм” во индустриската зона во Прилеп од денеска се затвора за да биде извршена дезинфекција откако вработен бил во близок контакт со лице позитивно тестирано на КОВИД-19, соопштија од компанијата.

– Вработениот во моментов е во самоизолација, веднаш е тестиран за КОВИД-19 и ги очекува резултатите кои ќе бидат достапни во наредните два до три дена. Вработените кои биле во близок контакт во текот на работата и во транспортот со вработениот се идентификувани и се испратени дома во самоизолација во наредните 14 дена, информираат од фабриката, нагласувајќи дека приоритет се здравјето и безбедноста на вработените.

Од компанијата соопштуваат дека интензивно соработуваат со локалните здравствени и епидемиолошки институции и ги следи сите препораки на Светската здравствена организација за заштита од зараза со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот