Се урна хеликоптер при гасење пожар во Измир

Пожар во Грција / Фото EPA-EFE/VASILIS PSOMAS

Тројца пожарникари од турската противпожарна служба се водат за исчезнати откако нивниот хеликоптер, кој собирал вода за гаснење на шумски пожар, паднал во големо езеро во близина на градот Измир.

Во хеликоптерот наводно имало тројца киргистански државјани и еден Турчин, пишува Euronews. Еден од Киргистанците е спасен и хоспитализиран и неговиот живот не е во опасност.

Слабата видливост на теренот ја отежнува работата на спасувачките служби.

-Спасувачите ги забележале остатоците од хеликоптерот, но видливоста е многу слаба и ништо не може да се види јасно во моментот – изјави турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакли

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот