СЕ СРАМАМ ШТО МИ Е СИН: Гигс со години спиел со жената на родениот брат!

twitter.com/FourFourTweet

Селекторот на репрезентацијата на Велс како фудбалери играше под раководство на славниот Сер Алекс Фергусон, но она што се откри за него во 2011 година го одбележа за цел живот.

Рајан е еден од најголемите фудбалери на „црвените ѓаволи“, но откритието е дека осум години бил во врска со жената на неговиот брат (Родри), Наташа, ќе го следи во текот на целиот живот.

– Не гледам како играчите можат да му веруваат на Рајан после она што му го направи на родениот брат. Тој спиеше со сопругата на неговиот брат цели осум години – изјави Дени Вилсон, таткото на Рајан Гигс.

Наташа го запознала Рајан во март 2003 година во ноќен клуб во Манчестер. Таа спиеше со него додека неговата бремена сопруга Стејси беше дома. По два месеци, таа започна врска со неговиот брат, Родри, со кого подоцна се омажи. Подоцна признала дека абортирала дете кое било на Рајан во текот на осумгодишната врска.

Цела Велика Британија беше шокирана откако се откри тајната, затоа што сите мислеа дека Рајан е добра личност. Беше еден семеен човек во очите на јавноста, но на крајот, сè испадна поинаку. Наташа веднаш ја прекина врската со Рајан, а како оправдување рече дека Гигс ја контролирала и манипулирала со неа. Таа наскоро се раздели и со неговиот брат.

Афера која донесе раскол во семејството Гигс, некои го поддржуваа Рајан, а други Родри како нивниот татко, Дени Вилсон, легендарен рагбист, кој беше под влијание на настаните околу неговиот син и реши да донесе екстремна одлука. Тој се одрече од својот син, кој веќе не постои за него.

– Знаете Рајан секогаш се ставаше на прво место и му беше најважно да биде во центарот на вниманието. Тој целосно го уништи животот на неговиот брат! За мене тој е само поранешен фудбалер и ништо повеќе од тоа. Секој пат кога ќе се појави на телевизија, ја менувам програмата. Не можам да го видам. Јас треба да бидам најгордниот татко на светот и се срамам што ми е син – рекол неговиот татко пред неколку години.

– Вие го цените човекот според неговите дела, и доколку е познато дека тој е лажливец и измамник, како може некој да му верува? – се прашува Дени Вилсон.

Ова не беше единствената негова афера на немирниот Рајан Гигс, кој ја изневерувал својата сопруга и со старлетата Имоџен Томас, кој исто така реши да излезе во јавноста и да открие сè. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед никогаш не се извинил својот брат за своите гревови, а за Родри тој веќе како да не постои.

– Рајан е добар фудбалер, но никаков човек. Наташа ми беше целиот мој живот, а него го сметав за личност најблиска во животот. Не му беше жал. Тој рече дека станува збор само за секс и ништо друго – рече Родри, кој оттогаш веќе не комуницирал со својот брат.

Откако поминаа неколку години од аферата, сопругата на Стејси поднесе барање за развод, а неговите гревови беа добро наплатени. Таа го „олесни“ дури за 40 милиони фунти.

Неколку години пред да ја запознае поранешната сопруга Стејси, поранешниот играч на Јунајтед ја „украл“ девојката на својот брат и ја однел во кревет. Кога дозна, Родри полуде. Ја земе палката и тргна да го удира Рајан.

– Го изгуби умот. Ситуацијата оттогаш се смири, но во тој момент сè можеше да заврши на грдо и трагично – рече извор за британскиот „Мирор“.

Рајан Гигс помина во Манчестер јунајтед 23 години и одигра 905 натпревари во кои постигна 158 голови и 174 пати беше асистент. Вкупно 13 титули во Премиер лигата, две во Лигата на шампионите, по четири во ФА купот и Лига купот, а во пензија замина во 2014 година.

Вистински пример од фудбалски аспект, но истото не може да се каже и во приватниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот