Се појави нов документ: Три американски решенија за спорот меѓу Белград и Приштина

Фото: Daniren / Alamy / Alamy / Profimedia

Во Вашингтон се појави нов документ за решавање на прашањето за односите меѓу Србија и Косово, зад кои стои човек на бившиот претседател на САД, Барак Обама, пишува Блиц.рс.

Според тој документ има три можности за договор меѓу Белград и Приштина, но се истакнува дека ниту една „не е идеална“.

Првата е употреба на „стимулации“ за Србија – поддршка на донатори и забрзано членство во ЕУ во размена за признавање на Косово, другата е на Србија да и се одобри формирање на нов автономен округ за косовските Срби, но и за српските Албанци, а третата е враќање на пристапот на размена на територии која беше сржта на нацртот од договорот во 2018 година. Тоа се заклучоците од анализата „Рестартирање на дијалогот меѓу Косово и Србија“, зад кој стои влијателниот тинк-тенк Меѓународна кризна група. Претседател на оваа организација е Роберт Малеј, човек од администрацијата на американските демократи и советник во Белата куќа за време на претседателскиот мандат на Барак Обама.

Во анализата меѓу другото, се истакнува дека решавањето на спорот би било „корисно за стабилност во Западен Балкан и во Европа“, но и укажува дека сите страни треба да бараат начин да се дојде до договор со взаемно признавање, а дека државите на ЕУ треба да дадат знак дека ќе поддржат било каков договор.

„Белград и Приштина треба јавно да ја признаат потребата од компромис“, се напоменува во анализата.

Во неа се наведува и дека Приштина и Белград разговараат, повторно и повторно, како да ги нормализираат односите и дека се сложни околу многу точки, но не околку најзначајната која ги дели: независноста на Косово.

Кога се работи за првиот предлог – можеби едноставно е невозможно ЕУ да вети забрзано членство, а материјалните стимулации веројатно нема да бидат доволни за решавање на суштинското прашање околу политичкиот идентитет на Србија. Меѓу другите две, автономија би изгледала како подобар избор, но изгледа дека предизвикува и најостра негативна реакција од двете страни, се пишува во текстот, пренесува Блиц.

Според анализата Брисел треба да се фокусира „на поттикнување преговори во кои страните се слободни да го истражат било кое решение што е во согласност со човековите права и меѓународните права“.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот