Се отвори првиот Еразмус+ инфо центар во Битола

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност официјално го отвори првиот Еразмус+ инфо центар во Битола. Овој креативен простор кој се наоѓа во централното градско подрачје на Битола или место како што битолчани го знаат ,,Кафе чао“, е наменет за сите млади но и генерално сите кои сакааат да се информираат за програмите или мрежите со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Оваа канцеларија ќе биде место за информирање и презентирање на можностите од програмите Еразмус+ и ЕСК, како и сите мрежи со кои управува Националната агенција и навистина ми претставува голема чест и задоволство што го отвораме овој прв Еразмус+ инфо центар во Битола. Се започна од една идеја која подоцна беше ставена во работна програма, па одобрена на седница на Влада на Република Северна Македонија а сега дојдовме и до денешното отворање со кое започнува оваа нова приказна. Овој простор ќе служи за дружење, едукација на младите, но и можност да творат и да ги искажат своите идеи. Просторот е отворен за сите кои се вклучени или сакаат да се вклучат во Еразмус+ програмата, која е една од најуспешните програми во Европската Унија. Сакам да се заблагодарам на сите битолчани, кои одлично не прифатија и ни помогнаа во изминатиов период, рече директорот на Националната Агенција, Марко Ѓоргиевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот