Се јавил во британската амбасада во Скопје да се закани дека амбасадорката ќе биде убиена

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Жител на Мешеишта од Општина Дебрца се јавил во британската амбасада во Скопје и се заканил дека амбасадорката ќе биде убиена, соопшти Обвинителството.

Тој се гони за загрозување на сигурноста на амбасадорката во Скопје затоа што на  14 април се јавил на официјалниот телефонски број на амбасадата, каде се вклучил автоматскиот оператор на централната и ја снимил неговата заканувачка порака со содржина:

„Британската амбасадорка во Скопје ќе биде нападната со огнено оружје. Ова не го пријавувам во македонската полиција, затоа што нема да ја сфатат  сериозно заканата“.

Заканувачот потоа го прекинал повикот, но пораката била снимена. За осомничениот е доставен предлог за мерка притвор зашто може да избега.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот