Се бара изземање на обвинителката Стефанова од „Титаник“

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Судечкиот судија во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство денеска даде 30 минутна пауза за да одлучи и да се произнесе по барањето на адвокатот Димитар Дангов, бранител на неколкумина обвинети во овој случај кој побара запирање на процесот со образложение дека Катица Јанева, која е шефицата на СЈО е во притвор, а обвинителката во случајот Лиле Стефанова не може повеќе да го застапува обвинението.

– Во овој момент општо познато е дека Катица Јанева е во притвор, како осомничена во „Рекет“. Постои опасност Јанева да стори друго кривично дело, бидејќи ова е еден од основите за кои и е одреден притвор. Затоа постои опасност Јанева да стори кривично дело и во овој кривичен предмет, односно постои страв да не го повтори делото. Јанева е единствено надлежна да го застапува секој кривичен предмет на СЈО, па поради тоа, со респект кон уважената обвинителка Лиле Стефанова, кон која сите во салата имаат голема почит, сепак морам да кажам дека истата нема право да го застапува предметот, поради притворот на Јанева. Нејзиното доаѓање го сметам како можност да види што ќе се случи. Стефанова не може да има повеќе права од Јанева и да го застапува обвинението – рече Дангов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот