СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги признае економските мерки и да ги гласа во Собранието

СДСМ партиска зграда / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

СДСМ преку соопштение реагира на денешната прес-конференција на Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ.

Еве ја во целост реакцијата од владејачката партија:

„Наместо да даде одговор во чие име и во кое својство Христијан Мицкоски преговара за набавка на автобуси за Град Скопје, Трајко Славески денеска одржа прес-конференција на која по којзнае кој пат се обидуваше да ја исплаши јавноста дека македонската економија само што не пропаднала.

Таков став Славески имаше и кога се покачуваше минималната плата, кога растеа пензиите, кога се воведуваше повратот на ДДВ за физички лица.

ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се носат и реализираат антикризни мерки за помош на граѓаните и стопанството во надминување на последиците од глобалните кризи.

Новиот пакет од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра ќе го заштити стандардот на граѓаните и ќе му помогне на стопанството брзо да ги надмине негативните ефекти од глобалната економска и енергетска криза.

Додека државата и светот се соочуваа со последиците од пандемијата на коронавирусот, Владата предводена од СДСМ донесе шест пакети економски мерки вредни над 1,1 милијарда евра со кои се спасија над 60.000 работни места а успешноста на мерките беше поздравена и од Меѓународниот монетарен фонд.

И тогаш ВМРО-ДПМНЕ плашеше со црни сценарија и ги блокираше законите за да ја одолговлекува реализацијата на мерките.

Овој пат ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од блокадите, да ја признае успешноста на пакетот мерки и во Собранието да ги изгласа потребните закони за нивна реализација“, велат од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот