СДСМ: Тројно зголемен прометот на македонски производи во „Викенд без ДДВ“

Фото: МИА

Мерката „Викенд без ДДВ“, што се реализира од 10 до 12 октомври, претставува голем поттик за домашното производство и истовремено ги враќа парите кај граѓаните, обезбедува заштеда за потрошувачите, во форма на поврат на целиот данок на додадена вредност за купените домашни производи и ИТ опрема, се наведува во соопштението на СДСМ.

– Само на првиот ден од реализцијата на оваа мерка, тројно е зголемен прометот на македонски производи, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.

Според проценките, преку оваа мерка за три дена ќе се оствари промет од барем 170 милиони евра, пари, а кон граѓаните ќе бидат вратени најмалку 17 милиони евра преку повратот на ДДВ, велат од владеачката партија.

За да се реализира целосниот поврат на данокот на додадена вредност, фискалната сметка издадена за време на „Викенд без ДДВ” ќе мора во рок од три дена да се скенира преку апликацијата „МојДДВ“, потсетуваат од СДСМ во дописот, а целосниот пресметан ДДВ ќе биде исплатен на трансакциските сметки на граѓаните во рок од 15 дена, односно до крајот на месец октомври.

„Викенд без ДДВ“ се спроведува за првпат во нашата држава, како дел оперативните мерки предвидени во четвртиот пакет антикризни мерки креирани и усвоени од Владата. Проектот „Викенд без ДДВ” значи пари назад на сметките на граѓаните и во насока е на поддршка на приватната потрошувачка и на зајакнување на домашниот буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот