СДСМ: Нереформираното ВМРО-ДПМНЕ може да учи економија

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Нереформираното ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лажни вести и неоснована паника, официјалните податоци ги разбиваат нивните конструкции. Стапката на невработеност во вториот квартал од оваа година, според официјалните податоци на Заводот за статистика е намалена на 16,7 отсто, во однос на минатата година кога изнесуваше 17,3 отсто, наведуваат во соопштение од владејачката партија СДСМ.

-Намалувањето на невработеноста во периодот април-јуни годинава, на почетокот на пандемијата со коронавирусот во државата непобитно ја потврдува ефикасноста на антикризните мерки, што ги презеде Владата предводена од СДСМ и ги демантира тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНе дека илјадници граѓани останале без работа. На почетокот на кризата со коронавирусот, СДСМ одговори со директни мерки за поддршка за секое работно место и бизнисите што се соочија со тешкотии во работењето и со првиот пакет мерки беа опфатени секторите најпогодени од кризата со корона вирусот. Продолживме со вториот пакет мерки со кој овозможивме директна помош за лична потрошувачка и со одложување, односно, пролонгирање на финансиските обврски на граѓаните и фирмите- стои во соопштението.

Со третиот пакет, потенцираат оттаму, вреден 355 милиони ЕУР, наменет за 730.000 корисници се спроведени мерки за спречување на сериозно намалување на приходите во туризмот и поттикнување на потрошувачката на домашни производи.

-Новата владата го подготвува и наскоро ќе го реализаира четвртиот пакет антикризни мерки кој ќе обезбеди нова финансиска поддршка, пред се за пензионерите со ниски пензии, самохрани родители, невработените баратели на работа. Стапката на невработеност, за време на кризата ќе ја држиме стабилна, а по нејзиното завршување ќе продолжиме да ја намалуваме за 3% годишно како што тоа го правевме во изминатите 3 години. Конечна цел е – едноцифрена стапка на невработеност до крајот на мандатот на новата влада предовдена од СДСМ. Нереформираното ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се работи одговорно посветено и во интерес на граѓаните- стои во соопштението од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот