СДСМ апелира да се почитуваат препораките за заштита на здравјето на граѓаните

Секој граѓанин е еднакво важен во битката со коронавирусот, само со почитување на мерките за заштита на здравјето им помагаме на здравствените работници, соопштија од СДСМ.
„Само заедно, со почитување на мерките за заштита на здравјето, само ако секој од нас е многу внимателен и одговорен, ќе успееме да го спречиме ширењето на коронавирусот и ќе се заштитиме.
Здравствените работници не можат сами, граѓаните мора да помагаат преку почитување на мерките.
Секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот и за да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме нашето здравје, мора да одржуваме физичка дистанца од 1,5 до 2 метри и да не се групираме; да носиме заштитна опрема-маска, марама, шал, секогаш на затворено и секогаш на отворено кога не можеме да ја одржиме дистанцата; редовно да вршиме дезинфекција и да ги миеме рацете.
Задолжително е носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.
За да помогнеме да се пресече патот на вирусот на лекарите им требаат точни податоци. Секој кој има симптоми на коронавирус, мора веднаш да ги сподели со епидемиолозите и точно да одговори на прашањата на епидемиолошката анкета. Ова е најдобар начин да се заштитиме себе, другите околу нас но и сите граѓани.
Ви благодариме што ги почитувате мерките.  Само заедно ќе успееме да го вратиме животот во новото нормално“, се вели во соопштението на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот