Саудиска Арабија и Јужна Кореја ја зајакнуваат одбранбената соработка

Лидери на Јужна Кореја и Саудиска Арабија / Фото EPA-EFE/YONHAP

Јужна Кореја и Саудиска Арабија потпишаа Меморандум за разбирање за проширување на одбранбената соработка, соопшти денеска јужнокорејската Администрација на програмата за набавка на одбраната (ДАПА).

Според новиот договор, Сеул и Ријад ќе формираат заеднички комитет кој ќе биде задолжен за формирање работна група за истражување и развој на вооружените системи, како и производство, како дел од континуираната соработка во сферата на одбраната.

На потпишувањето на Договорот, според соопштението на ДАПА, присуствувал јужнокорејскиот министер за одбрана Шин Вон-сик, кој беше во посета на Ријад на Светскиот саем за одбрана во рамките на еднонеделното патување на Блискиот Исток, како и неговиот Саудискиот колега Калид бин Салман Ал Сауд.

Јужна Кореја сака да ја зголеми продажбата на оружје за да стане еден од најголемите добавувачи на оружје во светот, и покрај, жестоката конкуренција на светскиот пазар.

Во 2022 година, според податоците на јужнокорејското Министерство за одбрана, Сеул забележа скок од околу 10 милијарди долари во продажбата на оружје од 7,25 милијарди долари колку што беше претходната година, на 17 милијарди долари. Дополнително, извозот на оружје во земјите од Блискиот Исток се зголеми за речиси десетпати од 2013 до 2022 година, според податоците на Јужнокорејската трговска и индустриска комора.

Во изминатите години, јужнокорејските компании „Ханва“ (Hanwha), „Понгсан“ (Pongsan) и „ЛИГ Нек1“ (LIG Nek1) заеднички склучија договори со Саудиска Арабија во вредност од околу 989 милиони долари, за повеќецевни ракетни фрлачи, муниција и електро-оптички системи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот