Саркози: Путин беше испровоциран да ја нападне Украина

Фото: EPA/ABIR SULTAN

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози изјави дека политичарите кои велат дека е невозможно да се разговара со рускиот претседател Владимир Путин, едноставно никогаш не разговарале и дека Путин бил испровоциран да ја нападне Украина.

„Кога мавтате со црвена крпа пред носот на бикот, немојте да се чудите ако нападне“, изјави тој во интервју за BFM-TV.

Рече дека во руската војна против Украина веќе загинале 500.000 луѓе.

Исто така истакна дека Русија и рускиот лидер се агресорите, а Украина е жртвата и дека светот треба да размисли како да ја заврши војната.

Според него, постојат две опции, од кои едната е уништување на Русија.

„Но, нема да ја уништиме втората по големина нуклеарна сила во светот, инаку светот ризикува да се лизне во тотална војна“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот