Санкционирани 221 возач за брзо возење на цела територија на државата

Контрола на брзината на возење. / Фото; МВР

Полицијата изминатото деноноќие санкционира 221 возач за брзо возење на цела територија на државата. Од нив 111 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.

„Во текот на вчерашниот ден (19.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 241 возач. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“, информираат од МВР

Како што информира МВР сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апрелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот