Санчо од наредната сезона во Манчестер јунајтед!? (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Досега за екипата на Борусија Дортмунд има 84 натпревари и постигна 29 голови. Лани се најде во најдобриот тим на Бундес лигата.

Џејдон Санчо, одличниот 19-годишен крилен фудбалер, ќе ја напушти Борусија Дортмунд на крајот од натпреварувачката сезона, пренесува германскиот „Скај“.

Фаворит да го доведе во своите редови англискиот репрезентативец е екипата на Манчестер јунајтед која наводно веќе постигна договор со Санчо и остана уште да се договорат околу висината на отштетата со германскиот клуб.

Пред седум години започна да тренира фудбал во Ватфорд, а на 14-годишна возраст беше ангажиран од Манчестер сити.

Три години подоцна се раздели со „граѓаните“ откако не доби нов договор, како и загарантираната минутажа.

Досега за Дортмунд има 84 натпревари и постигна 29 голови. Лани се најде во најдобриот тим на Бундес лигата, а за англиската репрезентација запиша 11 мечеви и два погодоци.

Неговата вредност според „Трансфермаркт“ е проценета на 120 милиони евра, а има уште и пол години договор со бундеслигашот.

Претходно беше објавено дека е можно Маурицио Покетино да биде наследникот на Оле Гунар Солскјер на клупата на „црвените ѓаволи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот