Салман за убиството на Кашоги: Тоа беше грешка! (ВИДЕО)

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман повтори дека „презема целосна одговорност” за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, но ги отфрли тврдењата дека го нарачал.

– Тоа е гнасно злосторство. Како лидер на Саудиска Арабија преземам целосна одговорност, особено што тоа злосторство го извршиле лица кои работат за саудиската Влада, изјави принцот во емисијата „60 минути” на американската телевизија Си-Би-Ес.

На прашањето дали го нарачал убиството на Кашоги, кој го критикуваше во колумна во Вашингтон пост, принцот Мохамед одговори: „Апсолутно не”.

Тој додаде дека убиството на новинарот било „грешка”.

Кашоги беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул 2018 година. За убиството се обвинети 11 лица, но досега се одржани само неколку рочишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот