САД запленија 2,3 милиони долари во биткоини по кибер нападот врз „Колонијал пајплајн“

Фото: ЕПА

Министерството за правда на САД соопшти дека успеало да врати 2,3 милиони американски долари во крипто-валути платени од „Колонијал пајплајн“, најголемиот нафтовод во САД, по хакерски напад врз таа компанија минатиот месец.

Заменик државниот обвинител на САД, Лиса Монако, изјави дека истражителите заплениле 63,7 биткоини, проценети на околу 2,3 милиони американски долари, платени од Колонијал пајплајн по хакерскиот напад што доведе до голем недостиг на бензин на пумпи долж источниот брег на САД.

– Министерството за правда пронајде и врати најголем дел од откупот платен од „Колонијалниот пајплајн“, изјави Монако.

Колонијал пајплајн соопшти дека им исплатил на хакерите речиси пет милиони долари за да го врати пристап до својот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот