САД воведоа санкции за група ирански петрохемиски компании поврзани со Азија

Министерството за финансии на САД синоќа соопшти дека вовело санкции против група компании и физички лица од Иран, поради продажба и транспорт Иранска нафта и петрохемиски производи во Источна Азија.

Со санкциите се опфатени неколку компании, меѓу кои и петрохемиската компанија „Џем” со седиште во Иран. Наводно компанијата извезла производи во вредност од стотици милиони долари низ Азија, вклучително и Кина.

Од физичките лица, санкционирани се двајца Иранци кои живеат во Обединетите Арапски Емирати.

Американскиот Стејт департмент инаку воведе мерки против пет компании и 15 физички лица во Иран, Виетнам, Сингапур, Хонг Конг и Емиратите.

„Бидејќи Иран не го менува курсот, ние ќе продолжиме да ги користиме овластувањата за санкционирање на извозот на нафта, нафтени деривати и петрохемиски производи од Иран”, соопшти американското Министерство.

Санкциите се воведени согласно извршната наредба на поранешниот претседател Доналд Трамп од 2018 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот