САД внимателно го следат распоредувањето безбедносните сили предводени од Русија во Казахстан

Нед Прајс
Нед Прајс / Фото: Архива на „Слободен печат“

САД внимателно ги следат извештаите дека мировниците предводени од Русија во Организација за Договор за колективна безбедност се стационирани во Казахстан за да ги смират немирите во државата, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Генералниот секретар на ОДКБ изјави за руски медиуми дека бројот на мировни сили ќе биде околу 2.500 и може да биде зголемен доколку е потребно.

Вашингтон и целиот свет ќе следат какви било прекршувања на човековите права и „секакви дејствија што може да се подготват за преземање на институциите во Казахстан”, нагласи Прајс.

Хаос во Казахстан: Загинаа дваесетина полицајци и војници, уапсени се 2 300 луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот