САД: Тоа е нивна борба, Авганистан мора сами да се бранат

Фото: EPA-EFE/WATAN YAR

Од Пентагон денеска соопштија дека Авганистан треба сами да си ја одбранат државата од нападите на Талибанците, откако тие веќе присвоија поголем дел од територијата на земјата, пренесува Гардијан.

Состојбата со долгогодишниот конфликт во Авганистан драстично ескалира од мај, кога војските на САД се повлекоа од базите во државата.

„Тоа е нивна држава и тие треба да си ја бранат. Тоа е нивен проблем“ изјави потпаролот на Пентагон Џон Кирби.

Тој истакна дека војната „очигледно не одела во вистинска насока“.

„Ова се нивни војски, ова се нивни градови, нивен народ, сето ова на крај ќе се сведе на нивното лидерство“ додаде Кирби.

И покрај тоа што САД одбива да даде помош во Авганистан, тие сакаат да најдат решение за конечно да се заврши војната.

Талибанците и понатаму продолжуваат со својот притисок во Авганистан.

ВИДЕО | Талибанците освојуваат град по град во Авганистан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот