САД најавија сто милиони долари за обука на медицински персонал во Јужна Америка

Американско знаме / Фото: Архива

САД денеска објавија план од сто милиони долари за обука на половина милион медицински персонал во Јужна Америка. Планот беше соопштен на Самитот на двете Америки што се одржува во Лос Анџелес.

Со парите е предвидено да се формира таканаречен „Здравствен корпус на Америка”, тело што ќе има за задача во рок од пет години да ги подобри вештините и компетенциите на 500 илјади вработени во секторот, се вели во соопштението на Белата куќа.

Предвидените средства покрај од САД ќе бидат обезбедени и преку фондови, како и донаци преку Панамериканската здравствена организација.

„Панд мијата ни покажа многу од недостатоците на здравствените системи ширум светот и ја истакна важноста од здрави и одржливи системи за целото население”, соопшти Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот