САД ќе ослободат дополнителни 15 милиони барели нафта од своите резерви

Нафта / Фото: EPA-EFE/Henry Chirinos

САД ќе ослободат дополнителни 15 милиони барели нафта од своите стратешки резерви за да се обидат да ги смират цените на тој енергенс, а претседателот Џо Бајден не исклучува натамошно повлекување, изјави владин претставник.

Новото количество нафта што ќе биде повлечено во декември е последната транша од програмата што ја најави американскиот претседател оваа пролет, што предвидува ослободување на вкупно 180 милиони барели за да се ублажи скокот на цените.

„Претседателот побара од Министерството за енергетика да биде подготвено да продаде дополнителна нафта (од резервите) оваа зима доколку е потребно, поради Русија или други дејствија што го нарушуваат пазарот“, изјави претставникот.

Информацијата за користење дополнителна нафта, која вчера во текот на денот ја објавија повеќе медиуми, беше доволна за намалување на цената на нафтата уште пред официјалното објавување.

Цената на барел WTI, референтната американска нафта за испорака во ноември, на тој начин падна за 3,08 отсто и достигна 82,82 долари. Кога официјално беше објавено дека ќе се пушти дополнителна нафта, пазарите веќе реагираа со поскапување на нафтата WTI за еден процент.

Запрашан дали е можно да се ограничи или прекине извозот на нафта, владин претставник рече дека администрацијата на претседателот Бајден ги држи на маса сите опции кои би можеле да помогнат да се обезбеди снабдување на американскиот пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот