САД испраќа хаубици и муниција за Украина

САД војска/ Фото Allison Joyce / AFP / Profimedia

САД и доставија на Украина повеќе од 85 хаубици, и од 110.000 до 184.000 парчиња муниција за нив, изјави неименуван висок претставник на Пентагон.

Тој исто така наведе дека повеќе од 310 украински војници ја завршиле обуката, додека уште 50 во моментов се обучуваат и дека денеска почнува новиот двонеделен курс за одржување на хаубици.

– Најмалку 13 испораки од седум различни земји пристигнаа на различни локации во регионот, а пакетите вклучуваат пушки, резервни делови, возила Хамви, генератори и неколку дополнителни хаубици, истакна претставникот на Пентагон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот