САД ги осудија „дезинформациите“ на Лавров во Африка

Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

Главниот републиканец во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Мајкл Мекол, и претседателот на комитетот, демократот Грегори Микс, ги осудија изјавите на Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија, дадени во текот на неговата африканска турнеја што ги вклучува Египет, Уганда, Етиопија и Република Конго.

-По жестокото ракетирање на пристаништето во Одеса од страна на Путин, што беше всушност газење на договорот склучен со посредништво на ОН за да се дозволи товарените бродови со жито да заминат од пристаништето, министерот за надворешни работи на Русија Лавров продолжува да шири дезинформации во Африка за улогата на Русија во влошувањето на глобалната криза со храна, се вели во изјавата.

Додава дека, „да не се залажуваме, режимот на Путин повторно демонстрира дека нема да запре пред никого во неговото користење на храната како монета за поткусурување и оружје на војната. Додека цените на храната во Африка нагло растат, Руската Федерација бесрамно се обидува да ја префрли вината на другите, иако доказите за нејзината безразумност и рамнодушност кон човечките страдања се очевидни”.

Лавров претходно изјави дека причина за кризата со снабдување со храна се наметнатите санкциите на ЕУ и САД против Русија.

Кон крајот на април, Претставничкиот дом донесе закон за противставување на злонамерните активности на Русија во Африка, поднесен од Макол и Микс. Според законот, Администрацијата на Бајден прави оценка и извештаи за размерот и големината на руската дезинформација, корупцијата и други дејности во Африка, за поткопување на африканските партнери на САД.

Лавров: Русија не е виновна за поскапувањето на храната, Западот складираше храна за време на пандемијата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот