САД: Албанија има напредок во борбата со корупцијата

Тирана, Албанија / Фото: Архива

На презентирањето на последниот извештај на групата држави против корупцијата (GRECO), во кој се наведува дека Албанија направила чекор напред во борбата против корупцијата, американската амбасадорка Јури Ким изјави дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Албанија во борбата против корупцијата.

Додаде дека доколку земјата продолжи на овој пат ќе биде модел за другите.

-Позитивен знак е дека Албанија разговара на оваа тема за иднината на земјата. САД се посветени на безбедна иднина на Албанија. Владата работи во име на граѓаните, а не во име на тесните интереси. Граѓаните заслужуваат да веруваат дека парите се користат за подобрување на животот. Овие бариери вклучуваат заробен правосуден сектор, новинари кои заземаат страна или се цел на закана. Реформата започна да покажува резултати. GRECO забележува напредок во борбата против корупцијата. Ако Албанија продолжи по овој пат, таа ќе стане модел за другите, изјави меѓу другото Ким, нагасувајќи ја американската подршка во формирањето на Специјалното јавно обвинителство и Националното биро за истраги на Албанија.

За албанската министерка за правда, Етилда Ѓонај, фактите јасно говорат за постојаната промена во ослободувањето на земјата и граѓаните од наследениот тежок товар на корупција, против која продолжува борбата со реформи и систематски корекции во секој сектор.

Во своето обраќање евроамбасадорот Луиџи Сореца рече дека Албанија направила чекори напред во борбата против корупцијата но оти и покрај тоа треба уште многу работа за да се постигнат еропските стадрарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот