Македонија воздржана: Генералното собрание на ОН изгласа резолуција, повик за Израел и Хамас на „итно хуманитарно примирје“

Генералното собрание на ОН/ Фото: МИА

Генералното собрание на Обединетите нации вечерва усвои резолуција со која се повикува на „хуманитарен прекин на огнот“ во Појасот Газа. Резолуцијата подготвена од арапските држави не е обврзувачка, но има политичка тежина.

За усвојување на резолуцијата гласаа 120 земји, 45 беа воздржани, а 14 членки на ОН беа против, меѓу кои Израел и Соединетите Американски Држави.

На седницата на Генералното собрание на ОН не беше усвоен амандманот на Канада со кој се бара дејствијата на палестинската милитантна група Хамас против Израел на 7 октомври да се окарактеризираат како „терористички напади“, пренесува „Њујорк тајмс“ и додава дека ова беше проследено со громогласен аплауз во салата.

Сите арапски земји гласаа против усвојувањето на тој амандман.

Од регионот пак, Словенија, БиХ и Црна Гора гласале за резолуцијата, додека Србија, Албанија, Македонија, Бугарија и Грција биле воздржани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот