Русковска: Нафтата тешко се пали, можно е да имало многу искри поради кои се запали автобусот

Вилма Русковска, јавен обвинител/Фото: Слободен печат

Не се готови сите вештачења и анализи на колегите од Бугарија. Навистина нафтата многу тешко се пали. Но возможно е да имало многу искри, искричења, удира автобусот во десната, па во левата и пак во десната банкина и можно е да имало многу искричења, смета шефицата на специјалното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Таа нагласи дека Обвинителството има навистина добра соработка со бугарските колеги.

Таа соработка е од претходно, не само сега. Една од причините поради која јавниот обвинител ме зеде мене во Бугарија е што јас имав претходна добра соработка со бугарските колеги, рече Русковска.

Таа нагласи дека можно е случајот со запалениот автобус во кој загинаа 45 македонски граѓани да продолжи во Македонија:

-Во Основното јавно Скопје се води предистражна постапка, но не се испитуваат причините за несреќата туку другите аспекти. И мене ме интересира тоа. 135 пати тој автобус само годинава излегол  надвор од границите на државата без лиценца за меѓународен транспора. Да почекаме до каде ќе дојде предистагата па ако има докази ќе го го преземеме случајот, децидна е обвинителката Русковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот