Рускоска: Ова „фукара“ мислеше на себе?

„Доаѓаат така по некогаш времиња, кога паметниот замолчува, будалата прозборува, а фукарата се збогатува“.

Оваа позната мисла на Иво Андриќ денеска во својот завршен збор ја кажа првообвинетиот во аферата „Рекет“ Бојан Јовановски.

Откако ја случша мислата реагираше обвинителката Вилма Рускоска која го запраша судскиот совет:

– Судија, ова фукара мислеше на себе?

На ова реакција на Рускоска, бурно реагираше Јовановски кој извика:

– Како не ти е срам. Срам да ти е.

По ова реагира судијката Васка Николовска-Масевска, која и нареди на затворската полиција да го изнесе Јовановски надвор од судница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот