Руско МНР: Германија масовно протерува руски дипломати, Москва ќе одговори со иста мерка

Руско МНР фото МИА

Германските власти одлучија масовно да протеруваат руски дипломати, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи и додаде дека Москва ќе одговори со иста мерка.

„Руската страна одлучи да одговори со иста мерка и да протера германски дипломати од Русија, како и значително да го ограничи максималниот број на вработени во германските дипломатски претставништва во Русија, а на 5 април Министерството за надворешни работи на Русија за својата одлука и официјално го информира германскиот амбасадор во Русија”, пишува во соопштението.

Руското МНР додава дека е индикативно тоа што германската страна, и покрај уверувањата дека нема да ги информира медиумите за ова прашање, го прекршила ветувањето па претставниците на медиумите „редовно ги користела за организирање на контролирано протекување информации за масовното протерување руски дипломати”, пренесува ТАСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот