Руски јутјубер уапсен за оддавање на државни тајни, ќе остане во притвор до октомври

Фото: Тhe Мoscow Тimes

Пријателите и семејството рекоа дека загубиле контакт со Пиж на 5. август и извештаите велат дека адвокатот кој бил именуван од судот не ги известил ниту за притворот.

Руски јутјубер познат по истражувањето на напуштените локации е уапсен и обвинет за откривање на државни тајни минатата недела, соопштија властите и активистите во средата.

Андреј Пиж објави стотина видео снимки на кои прикажуваше посети на индустриските локации и напуштени бункери на својот ЈуТјуб канал кој има околу 800.000 следбеници, пишува Москов Тајмс.

Соочен е со затворска казна до 8 години ако биде прогласен за виновен за илегално собирање и оддавање на државни тајни. Московскиот суд на 6. август пресуди дека Пиж ќе остане во притвор до судењето во октомври, пренесува Ројтерс.

Нејасно е дали Пиж ги негира обвинувањата против него. Неговиот адвокат рече дека апсењето на клиентот не е поврзано со неговите блогови. Меѓутоа, медиумите укажуваат на анонимните коментари на Инстаграмот на јутјуберот кои ветуваат „големи проблеми“ за пристап до функционирањето на радарската станица која Русија за користи за својот систем за рано предупредување за нуклеарен напад.

Пријателите и семејството рекоа дека загубиле контакт со Пиж на 5. август и извештаите велат дека адвокатот кој бил именуван од судот не ги известил ниту за притворот.

– Беше во целосна изолација без разбирање или поддршка – рече член на московската комисија за јавно надгледување за каналот „Подиом Телеграм“.

Пријателите на Пиж рекоа дека се обидуваат да се скријат од медиумите по повод веста за неговиот притвор и апсење, за да се олесни неговото пуштање на слобода.

Руските власти обвинија или осудија голем број луѓе, меѓу кои новинари и научници, за откривање на државни тајни или предавство. Критичарите обвинувањата ги нарекуваа манифестација на параноја на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот