Руски Истражен комитет: Обвинетите за терористичкиот напад потврдиле дека оделе во Украина по исплата

epa11237333 Russian policemen guards the area near the burning Crocus City Hall

Обвинетите за терористичкиот напад во Москва во кој беа убиени 142 луѓе, во текот на сослушувањата изјавиле дека по нападот се упатиле кон Киев за да ја подигнат ветената награда, објави рускиот Истражен комитет на својот канал на платформата за размена на информации „Telegram“.

„По инструкции на координаторот, откако го извршиле злосторството, терористите се возеле со автомобил кон руско-украинската граница за потоа да ја преминат и да пристигнат во Киев за да ја добијат наградата што им била ветена“, се вели во oбјавата.

Инволвираните исто така рекле дека нивните дејствија и во фазата на подготовката и по нападот на концертната сала ги координирало одредено лице преку гласовни пораки на Telegram.

„Истрагата продолжува да ги идентификува претставниците на украинските специјални служби вклучени во организирањето и финансирањето на терористичкиот напад“, се додава во соопштението на руската истрага.

Руските медиуми пренесуваа дека наводно терористите добиле „значителни суми пари“ од Украина, иако според првичните признанија дека им била исплатен половината од ветената сума одностно 5.000 евра.

Инспекторите добиле „суштински докази“ дека осомничените добивале средства од Украина во форма на криптовалута, која потоа била користена за подготовка на терористичкиот напад, се вели во соопштението.

Полициските службеници идентификувале и привеле уште еден осомничен кој наводно бил вклучен во финансирањето на нападот, соопшти Истражниот комитет, без да го идентификува лицето.

Четворицата осомничени сторители претходно беа идентификувани како радикални исламисти, регрутирани преку онлајн разговор, кој очигледно го водел огранок на Исламската држава (ИД, порано ИСИЛ) со седиште во Авганистан. Сепак, истражителите тогаш изјавија дека и покрај преземањето на одговорноста на групата за терористичкиот акт, друга страна, како што е украинската разузнавачка агенција, можеби била вмешана во заговорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот