Русите тврдат дека спречиле напад со украински дрон на Подмосковље

Засилени контроли во Москва/ Фото: МИА

Руската противвоздушна одбрана (ПВО) спречи напад со дрон на Подмосковље, при што нема жртви или штети, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

„Утринава беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со беспилотно летало врз објекти во Подмосковље. Беспилотното летало е уништено од противвоздушна одбрана“, се вели во соопштението.

Претходно, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објави дека беспилотно летало на украинската армија е соборено над Московскиот регион и дека било спречено да ги погоди целите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот