Русите извршиле преку 700 напади врз болници од почетокот на војната, вели СЗО

Фото: Украинска војска / Reuters

Светската здравствена организација денеска соопшти дека регистрирала 703 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија, јави ДПА.

„Ова е јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и правилата за војна”, рече регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге во Киев. Според него, ова е најголемиот напад врз здравствената заштита на европско тло од Втората светска војна.

„Континуираните напади врз здравствената и енергетската инфраструктура значат дека стотици болници и здравствени установи веќе не се целосно функционални, немаат вода и електрична енергија за да се задоволат основните потреби”, рече тој.

Според него, „половина од енергетската инфраструктура на Украина е или оштетена или уништена”.

„Денес 10 милиони луѓе – четвртина од населението – се без струја”, рече Клуге.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот