Русинка во Њујорк се обидела да ја отруе својата козметичарка, доби 21 година затвор

Викторија Насирова / Фото Фејсбук

Русинка која се обидела да ја убие својата двојничка со отровна торта е осудена на 21 година затвор. Викторија Насирова (47), која живее во Њујорк, се обидела да ја убие својата козметичарка Олга Чиук во 2016 година давајќи и парче торта полна со силни седативи. Кога дознала за пресудата, Насирова го нападнала судијата во окружниот суд во Квинс.

Сепак, козметичарката преживеала, а кога се вратила од болница открила дека и се украдени личните документи – пасошот и работната дозвола. Насирова и Чиук изгледале доста слично во моментот на обидот за убиство, бидејќи и двете имале темна коса, сличен тен и зборувале руски.

На денот на обидот за убиство, пријавената отишла во куќата на Чиук со три парчиња торта. Таа изела две парчиња, а третото, отровното парче и го понудила на тогаш 35-годишната жртва, пишува Би-Би-Си.

Чиук изела парче торта и после тоа почнала да повраќа. „Пред да се онесвести, последно сеќавање на жената беше да ја види обвинетата како шета низ нејзината соба“, рече обвинителката Мелинда Кац за време на судењето.

Чиук била пронајдена во несвест од нејзината пријателка следниот ден. Носела само долна облека, а околу неа биле расфрлани апчиња за да се остави впечаток дека се обидела да си го одземе животот.

Кога конечно се опоравила и се вратила дома, забележала дека и недостасуваат украинскиот пасош и американската работна дозвола, заедно со накитот и околу 4.000 долари во кеш. Во остатоците од чизкејкот е откриен феназепам, силен седатив, а потврдено е дека и таблетите на подот се феназепам.

Ова не е првпат Наирова да има проблеми со законот. Во 2015 година, Интерпол издаде црвена потерница по неа за убиство на жена во Русија една година претходно.

Таа е обвинета за убиство на нејзиниот сосед Ала Алексенко и кражба на нејзината животна заштеда. Насирова, за која американските медиуми јавуваат дека е поранешна доминатрица, е обвинета и за дрогирање и ограбување на мажи кои ги запознала на веб-страниците за запознавање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот