Русија тестира балистички ракети способни да носат нуклеарни боеви глави

Ракети 300 с EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Руската војска соопшти дека „успешно“ тестирала интерконтинентална балистичка ракета дизајнирана да носи нуклеарни боеви глави од нова подморница на нуклеарен погон.

Во време на зголемени тензии меѓу Русија и Западот поради војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин минатата недела потпиша закон за отповикување на руската ратификација на Договорот за забрана на нуклеарни тестови.

Москва тврди дека ратификацијата била отповикана за да се усогласи со САД, кои не го ратификувале договорот.

Договорот, усвоен во 1996 година, ги забранува сите нуклеарни експлозии насекаде во светот, иако никогаш не стапил целосно во сила. Покрај САД, допрва треба да го ратификуваат Кина, Индија, Пакистан, Северна Кореја, Израел, Иран и Египет.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека стратешката подморница Император Александар III истрелала ракета Булава од својата позиција во Белото Море.

Во соопштението се додава дека проектилот погодил цел во далечниот источен регион Камчатка. Не е јасно кога е извршено тестирањето.

Императорот Александар Трети е една од новите нуклеарни подморници од класата Бореи која носи по 16 проектили Булава.

Според Министерството за одбрана, лансирањето на балистичката ракета е последниот тест, по што треба да се донесе одлука за нејзино воведување во флотата. Руската морнарица во моментов има во служба три подморници од класата Бореи, уште една ги завршува пробите, а три се во изградба, соопшти Министерството за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот