Русија спречила деверзантски напад, убила петмина украински војници

русија тенкови EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Руската војска денеска соопшти дека војници и граничари спречиле група за „диверзивно извидување” да ја пробие руската граница од украинска територија и дека пет лица се убиени, јавија француските медиуми.

Руската агенција РИА, повикувајќи се на прес-службата на Јужниот воен округ, објави дека „руската армија и граничарите спречиле кршење на државната граница од група диверзанти од територијата на Украина“.

Во извештајот понатаму се наведува дека „пододделението на Јужниот воен округ заедно со граничниот одред на ФСБ на Русија (Федералната служба за безбедност) ја спречиле диверзантско-извидувачката група да ја наруши државната граница на Русија од територијата на Украина. Две украински борбени возила ја преминале границата и влегле на територијата на Русија „за евакуација на диверзантите“, а двете возила биле погодени, наведува РИА.

Во истото соопштение стои дека немало жртви од руска страна.

Украина го отфрли извештајот, нарекувајќи го лажни вести, и рече дека немало присутни украински сили во регионот Ростов каде што се тврди дека се случил инцидентот.

Руската војска додаде дека се уништени украински вооружени возила. Инцидентот се случил во момент на екстремна тензија меѓу двете земји.

Русија продолжува да ги негира изјавите на САД и нивните сојузници дека може да ја на падне Украина во секое време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот