Русија реципрочно протерува американски дипломати од Москва

Руските државни медиуми вечерва соопштија дека на руското Министерство за надворешни работи на американската Амбасада во Москва и дало список на американски дипломати што ќе ги протера.

Овој потег следи откако 12 руски дипломати претходно овој месец беа протерани од мисијата на Обединетите нации во Њујорк.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека на Американците „одлучно им било кажано дека секоја непријателска акција на САД против Русија ќе добие решителен и адекватен одговор”, пренесоа британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот