Русија попушти под притисокот од Западот: Непријателските земји може да плаќаат со странски валути

владимир путин
Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / SPUTNIK / KREMLIN POOL

„Непријателските земји“ можат да продолжат да плаќаат за рускиот природен гас во странска валута преку руска банка која ќе ги претвора парите во рубљи, се вели во декретот на Кремљ објавен денеска.

Указот, потпишан од рускиот претседател Владимир Путин, беше објавен од руската државна агенција РИА Новости, еден ден откако лидерите на Германија и Италија, Олаф Шолц и Марио Драги, изјавија дека рускиот лидер ги уверил дека гасот сепак може да се плати во странска валута.

Путин денеска зазеде поцврст став, велејќи дека Русија ќе почне да прима плаќања во рубљи од западните земји кои воведоа санкции кон Москва поради нападот врз Украина.

Тој рече дека договорите ќе бидат суспендирани доколку купувачите не ги прифатат новите услови, меѓу кои е и барањето за отворање сметка во рубљи во руските банки.

„Доколку тие плаќања не се реализираат, тоа ќе го сметаме за неисполнување на обврските на купувачот, со сите последици што произлегуваат од тоа“, изјави Путин.

Во уредбата се наведува дека банката ќе отвори две сметки за секој клиент, една во странска валута и една во рубљи.

Купувачите ќе плаќаат за гас во странска валута и ќе ја овластат банката да ја конвертира таа валута во рубли. Рубљите ќе бидат на друга сметка, од која гасот официјално ќе биде купен.

Набргу по објавувањето на декретот, германскиот канцелар Шолц одговори на новите услови на Русија, велејќи дека договорите за гас предвидуваат плаќање главно во евра, а понекогаш и во долари.

Тој изјави дека во вчерашниот телефонски разговор „јасно му ставил до знаење на Путин дека така ќе остане“.

„Внимателно ќе ги разгледаме неговите (на Путин) идеи за тоа како може да се направи тоа. Но, во секој случај, она што важи за компаниите е дека тие ќе можат да плаќаат во евра“, изјави Шолц за новинарите во Берлин.

Претходно денеска италијанскиот премиер Драги изјави дека добил и гаранции од Путин дека Европа нема да мора да плаќа за рускиот гас во рубљи, со што се намалуваат стравувањата дека Москва ќе ја прекине испораката на гас, неопходен за греење и електрична енергија.

Драги рече дека Путин за време на синоќешниот 40-минутен телефонски разговор го уверил дека „постојните договори остануваат на сила“ и дека „европските компании ќе продолжат да плаќаат за гасот во долари и евра“.

Шолц: И на Путин му кажав, плаќањата за рускиот гас ќе продолжат во евра или долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот