Русија изврши голем напад врз Украина, тие возвраќаат „бавно, но сигурно“

Владимир Зеленски, Владимир Путин / Колаж: Слободен печат. - Иван Самарџиев

„Исклучително жестока битка“ се води вечерва околу градот Бахмут во источна Украина , предупреди украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар. Таа тврди дека украинските сили напредуваат „бавно, но сигурно“  јужно од градот, додека обезбедуваат контрола на позициите северно од него.

„Русите праќаат огромен број сили во областа Бахмут. За нас беше важно да воспоставиме позиција на доминантните височини во овие области“, рече таа.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили извршиле воздушни и артилериски напади врз клучното село Клишчивка јужно од Бахмут и околните градови, онеспособувајќи ги украинските возила и опрема. Русија дополнително најостро го осуди украинскиот напад на руски цивилен брод во Керченскиот теснец, соопшти денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Најостро го осудуваме терористичкиот напад на цивилен брод кој не само што ги загрози животите на членовите на екипажот, туку може да предизвика и голема еколошка катастрофа“, објави Захарова на веб-страницата на министерството.

Според неа, властите во Киев не се соочуваат со осуда на западните земји и меѓународните организации, поради што применуваат се повеќе нови терористички техники, овој пат во водите на Црното Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот