Русија денеска со рекордни 524 смртни случаи и 25.487 нови случаи на ковид-19

Русија ковид-19
Коронавирус во Русија / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Во последните 24 часа во Русија се потврдени нови 25.487 случаи на ковид-19, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Претходно, најголемиот број нови случаи на инфицирани беше регистриран на 23 ноември – 25.173.

Од почетокот на пандемијата, во Русија се регистрирани вкупно 2.187.990 милиони заболени лица, со што оваа земја е петта во светот според бројот на инфекции.

Од ковид-19 во последното деноноќие починаа уште 524 лица, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата, наведува агенцијата ТАСС. Претходниот ден, бројот на смртни случаи беше 507, а досега во Русија се пријавени вкупно 38.062 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот