Рубљата разви имунитет: Како руската валута и одолева на кризата

Руската рубља и пркоси на новата светска криза и се покажува како доволно стабилна за време на пандемијата од корона вирусот и покрај падот на цената на нафтата.

Руската валута и по нафтениот и карантински потрес полека почнува да зајакнува. Курсот на доларот денеска падна на ниво од 72,23 рубљи, а курсот на еврото до 79,03.

– Колку што гледаме според документите, инфлацијата забележува благо успорување а рубљата зајакнува, истакна рускиот претседател Владимир Путин на состанокот посветен на мерките за поддршка на економијата и социјалната сфера.

Избегнато сценариото од 2014 година

Руската валута, за разлика од 2014 година, кога дојде до пад на цената на нафтата, оваа невидена криза на преживеа на сосема различен начин. Руското население во 2014 година поради традиционалната валутна паника, се „нафрли“ на купување долари и увозна техника и со тоа нанесе уште поголема штета врз курсот, пишува „Спутник“.

Овој пат сето ова е успешно избегнато. Девалвацијата на рубљата беше неизбежна, иако не ја достигна таа кобна цифра од над 100 рубљи за долар, како што предвидуваше „Рајфајзен банк“ во своето „најцрно сценарио“.

Најлошите прогнози не се остварија не само поради мерките на Централната банка и регулатирните тела, туку и поради променетото однесувањето на Русите.

Според експетите стабилноста на валутата се објаснува со тоа што кај Русите и кај проватните инвеститори пораснала финансиската писменост.

Од друга страна, според тврдењата на инвестицискиот стратег Александар Бахтин, руските граѓани веројатно веќе изградиле девизен имунитет по претходните девизни девалвации, па со тоа се зголемила отпорноста на населението на остри осцилации на валутата.

Покрај валутниот имунитет, своја улога одиграа и ефектите од карантинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот