Романските превозници сакаат Бугарија да излезе од Шенген

Романските превозници се побунија поради блокирањето на камионите на границата со Бугарија и бараат Романија да се одвои од Бугарија во процесот на пристапување во Шенген како последна опција доколку проблемот продолжи.

Според транспортерите, бугарските власти вршат незаконска контрола на камиони регистрирани во Романија, кои превезуваат стока од и кон Австрија. Како резултат на оваа контрола, камионите остануваат блокирани долго време, до седум дена, на Бугарско-романската граница, јавува БТА.Со цел да се стави крај на оваа практика, секторот бара итна интервенција од премиерот на Романија, министерот за транспорт и инфраструктура, министерот за надворешни работи и романскиот амбасадор во Софија.

На почетокот на годината, превозниците ја известиле Европската комисија, како и надлежните органи во Романија и Бугарија за проблемот, но бугарските власти ја задржуваат практиката да ги запираат возилата со стока за Австрија во период од седум дена, тврдат компаниите од Националниот сојуз на моторни превозници во Романија. „Романските патни превозници се силно погодени „од нетранспарентното функционирање на новиот систем за виртуелни редици на граничниот премин, воведен од бугарските власти минатото лето“, тврди и организацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот