„Rolling stones“ го претставија изданието „Dirty work“, „Забрањено пушење“ објави концертен албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музичката историја ќе го паметиме по неколку успешни изданија кои се објавени токму на 24 март, како и по раѓањето на популарната Нена, германската пејачка која создаде единствен хит кој спојува бројни генерации.

Во продолжение погледнете кои настани ја одбележаа историјата на музиката на денешен ден:

1956 година – Билборд ја објави првата топ листа од најдобро продавани албуми, а првото место тогаш го освои американско-јамајканскиот пејач Хари Белафонте за својот втор албум под наслов „Белафонте“.

1960 година – Родена Габриела Сузан Кернер, германска пејачка која стана позната како Нена, чија песна „99 Luftballons“ е најзначен наслов во поновиот германски музички бран.

1983 година – Југотон го објави петтиот студиски албум на Здравко Чолиќ под назив „Шта ми радиш“. Од ова издание на славниот музичар најпознати се хутовите „Cherie, Cherie“, „Станица подлугови“, „Африка“ и „Шта ми радиш“.

1986 година – „The rolling stones“ го објавија албумот „Dirty work“, кој го одбележа песната „Harlem Shuffle“, која е всушност обработка на нумера од американското соул дуо „Bob and Earl“.

2004 година – Објавен концертен албум на „Забрањено пушење“ – „Live in St. Louis“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот