Родител приведен по инцидент во детска градинка во Ѓорче Петров

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Полиција интервенирала во градинката „Калинка“ откако родител на две деца направил инцидент, дознава „Слободен печат“.

Тој со погрдни зборови и закани им се обраќал на директорката и воспитувачките на градинката, тропал по врати и звонел на домофоните додека другите деца спиеле, откако се изнервирал кога ја дознал одлуката на Управата на градинката, сите деца од петте клона да бидат згрижени во еден објект.

Раководителката на секторот за образование и социјална заштита во Општина Ѓорче Петров, Соња Палчевска во изјава за „Слободен печат“ го потврди  инцидентот, објаснувајќи дека одлуката сите деца да бидат згрижени во еден објект била исправна со оглед на малиот број негователки кои одлучиле да не го поддржат штрајкот на наставниците.

– Општина Ѓорче Петров има пет клона и во сите клона штрајкуваат сите од воспитно образовниот кадар освен тројца од техничкиот персонал и неколку учителки кои се ангажирани со договор на дело и кои доброволно одлучија да ги прифатат и згрижат децата. Кога првиот ден видовме дека тешко функционираме, одлучивме за доброто на сите деца од општината да донесеме одлука родителите да ги донесат во еден клон. Оваа одлука го изреволтирала родителот кој инсистирал децата да му бидат згрижени во „Детелинка“ по што почнал недолично да се однесува. Со цел да спречат инцидент од поголеми размери, од градинката повикале полиција објаснува Палчевска.

Во клонот „Калинка“ денеска се примени околу 50 деца, што е невозможно да се згрижат ако четирите воспитувачки се распределат по клонови, објаснува директорката на градинката и додава дека тие побарале заменски воспитувачки, но додека да добијат одобрение за нивно ангажирање, процесот на згрижување ќе се одвива во еден објект.

Родителот денеска до општина Ѓорче Петров доставил барање децата да му бидат примени во матичниот клон, во спротивно се заканил со кривична пријава за Општината и директорката на градинката.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот