
Роденденска драма Кардашијан-Вест: Канје испаничен побара помош од фановите за да може да биде со ќерка му
Откако јавно и отворено ги навреди родителските способности на неговата веќе отуѓена Ким Кардашијан, како и му се закани на нејзиното ново момче Пит Дејвидсон во неговата нова песна која беше објавена пред само два дена, Канје Вест веројатно и требаше да очекува дека ќе следат бројни непријатности и неприфаќања од страна на семејството Кардашијан…
Препорачано
Токму еден ден по објавувањето на песната следуваше роденденот на неговата ќерка Чикаго, која е една од четирите деца кои Канје ги дели со Ким. Но, работите станаа многу повеќе од чудни и непријатни, па дури и за фановите, откако Канје јавно ги повика за помош да му помогнат во семејната ситуација.
Имено, четвртиот роденден на Чикаго беше прославен со заедничка забава со Сторми, ќерката на Кајли Џенер и Тревис Скот, која веќе наполни 3 години. Но, самиот Канје не само што не беше планиран како гостин на забавата, туку и му беше забранет пристап како во домот на Кардашијан, така и на локацијата каде што се одржуваше роденденската забава.
View this post on Instagram
За почеток на музичарот му беше ускратено сознанието каде всушност се одржува роденденот, па за да дојде до информацијата директно ги замоли следбениците за поддршка и помош.
„Го ставам ова онлајн затоа што ми треба поддршка од сите вас. Ѝ се јавив на Ким, им пишав на бебиситерките, зборував на телефон со Тристан, тој рече дека ќе ја праша Клои, но никој не сака да ми ја даде адресата на роденденската забава на мојата ќерка во овој момент. Тоа ќе остави печат во нејзиниот ум дека јас не бев таму за неа“, се обрати Канје на неговите следбеници додека возеше обидувајќи се да стигне до забавата.

Изреволтиран и видно вознемирен, Канје се одлучи јавно да се обрати како очаен и избезумен обид во последен момент да докаже на својата ќерка дека сака да биде тука за неа.
„Јас само јавно ѝ честитам на ќерка ми среќен роденден. Не ми беше дозволено да знам каде е нејзината забава. Нема ништо легално да се каже дека ова е тип на игри што се играат, тоа е нешто што навистина влијаеше на моето здравје најдолго и едноставно не играм, ја преземам контролата врз мојата наратив оваа година. Јас сум верзија на татко, на најдобриот татко, на Је верзија на татко и нема да го дозволам ова.“

За време на возењето и снимањето на лајв-видеото Канје откри повеќе информации пред фановите, меѓу кои и потврда дека наскоро може да го очекуваме албумот „Донда 2“, но и детали од неговото гледиште на пристапот од семејството Кардашијан кон него.
„Требаше да бидам во Мајами и да го снимам мојот албум. Целиот мој распоред се заснова на тоа да можам да ги носам моите деца на училиште, да бидам тука за нив, да се уверам дека сум во нивниот живот, тоа е целата поента, ги имам парите што ги земаат толку многу татковци низ Америка, тие намерно ги вадеа татковците од домовите, па јас зборувам, го користам мојот глас за да кажам: „Ова нема да продолжи да се случува, овој наратив и тоа… нема да се случи. Многу луѓе не се во позиција да имаат глас кога луѓето играат вакви игри, мајките на децата играат игри, бабите ќе играат вакви игри, и тоа е како што знаете… тоа нема да се игра така со мене“, одлучно говореше Канје.
На крајот сепак Канје успеа да се појави на забавата, благодарение на Тревис Скот кој му ја споделил локацијата и времето на одрживање, но и на Кајли Џенер која го пречекала и добредошла на местото веднаш штом пристигнал, затоа што во спротивно повторно ќе налетал на блокада и забрана за влез од обезбедувањето.
View this post on Instagram
Од она што се чини дека пристигнал доволно на време за да не го пропушти забавниот дел, тој успеал да се сретне со членовите од семејството, да разговара со Крис, како и да игра игри со Чикаго на тематската „Lol Doll & Barbie“ забава. По присуствувањето Канје повторно се обрати на неговите следбеници, објавувајќи го епилогот и јавно заблагодарувајќи се на Тревис и Кајли.