РК Алкалоид обезбеди место во Европската лига следната сезона

фото: RK Alkaloid

Ракометниот клуб Алкалоид триумфираше против ГРК Охрид со конечен резултат 31:23 во рамките од македонската Супер лига.

На тој начин играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров обезбедија место во Европската лига следната натпреварувачка сезона. РК Алкалоид на три кола до крајот на сезоната има недостижна предност од 15 бодови пред четвртопласираниот тим ГРК Охрид.

Кај стрелците во победата најефикасен беше Серафимов со шест голови, а се истакна и голлманот Галевски со 14 одбрани. На спротивната страна блескаше Рустамов со шест голови.

Се одигра уште еден меч, Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога против Тинекс Пролет (30:17) и повторно битолчани се израмнија со Вардар 1961 на врвот со по 33 бодови.

Следува пауза поради репрезентативните обврски, а после нив следува решавачката битка за шампионската титула во Битола помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот