Ристовски: Македонија може многу повеќе од тоа што го прикажа на првите два натпревари

Милан Ристовски ја затресе мрежата на Бугарија во јунските натпревари во Лигата на нации/фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Фудбалската репрезентација на Македонија в четврток (20.45) ги продолжува настапите во Лигата на нации, а противник е селекцијата на Грузија која е лидер на табелата во групата 4 од дивизијата Ц.

Грузијците во првите две кола остварија две убедливи победи, од 4:0 над Гибралтар и од 5:2 против Бугарија на гости, додека избраниците на селекторот Благоја Милевски имаат учинок од една победа (Гибралтар 2:0) и едно реми (Бугарија 1:1).

Македонија првите два натпревари ги одигра на гости и против Грузија за прв пат ќе игра пред македонските фанови на Националната Арена „Тодор Проески“, а напаѓачот Милан Ристовски очекува тежок и борбен натпревар и победа на Македонија.

– Го покажавме нашиот квалитет на првите два натпревари. Сметам дека можеме многу повеќе и тоа ќе го покажаме на следниот натпревар против Грузија. Двете победи се од големо значење за самодовербата на Грузија и сигурно дека тоа ќе биде тежок натпревар бидејќи тие ќе дојдат мотивирани да се борат против нас за првото место. Меѓутоа ние веруваме во нас и во замислата на селекторот. Ќе покажеме желба и борба и ќе дадеме се од себе. Ние гледаме напред од меч во меч. Направивме кратка анализа на нивната игра и знаеме што не очекува кои се нивните посилни страни. Треба да се концентрираме на нашата игра и на нашата офанзива и се надевам дека ќе успееме во четврток. Мора да веруваме во нас и во нашето заедништво и тимски дух кој сме го покажале и се надевам дека ќе го покажеме повторно в четврток – смета Ристовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот