Римскиот гладијатор пристигна на „Бомбоњера“

EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Рома им го „скрши“ срцето на навивачите на римскиот клуб кога дознаа дека нема да му биде понуден нов договор на Де Роси.

Му беше понудена опција да преземе една од директорските позиции во клубот од „Олимпико“, но самиот истакна дека има уште желба да игра на терените.

Успеа да пронајде нов клупски ангажман, и тоа не било каков, туку во еден најдобрите јужноамерикански клубови, Бока Јуниорс.

Де Роси (36) ја продолжува кариерата во Аргентина, искусниот италијански фудбалер од средниот ред беше пречекан од огромен број на фанови.

После 18 години во дресот на Рома, го оствари сонот да настапува и на култниот стадион „Ла Бомбоњера“. Со договор на шест месеци кој ќе му гарантира заработка од 500.000 илјади евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот